Помош да ја победите киселината
Киселина, подригнување се честа појава,која ги мачи многу луѓе. Тоа се манифестира како чувство на печење во стомакот, кое постепено се шири преку хранопроводот до грлото.
Желудочните сокови се сојузници за правилно варење, но се исклучително штетни ако се лачат во преголеми количини. Да се ослободите од киселина важни фактори се да се смени режимот на исхрана, избегнувајте алкохол, тутун и слатка, лута и зачинета храна. Покрај тоа, можете да пробате и некои од советите кои можат да ви помогнат да ја победите киселината.
– Босилекот е познат по тоа дека ја ублажува киселината. Можете да џвакате свежи листови или да пиете чај од босилек да ја победите киселината.
– Бананите содржат калиум, алкализирајќи минерал со pH вредност, што е добро во ублажување на киселината. Покрај тоа, бананите помагаат слузницата на желудникот да создаде повеќе слуз кој ја штити внатрешната обвивка на желудникот,намалувајќи ја штетата предизвикана од киселината.
– Чаша ладно млеко е добар лек за киселина. Калциумот присутен во млекото спречува акумулација на киселина.
– Ментата ја олеснува киселината и го подобрува варењето на храната. Џвакање на свежи листови или чај од нане се подеднакво ефикасни во спречување на киселина.
– Ѓумбирот ја ублажува киселината, го штити стомакот од појава на чир, и го подобрува варењето на храната.