Фстаците и нивното позитивно влијание врз здравјето
Јаткастите плодови како бадемите, оревите и индиските оревчиња се здрава храна по која секогаш треба да посегнувате наместо по чипс, смоки и други грицки. Во групата на овие здрави грицки влегуваат и фстаците, а во продолжение прочитајте ја листата на здравствени придобивки кои ни ги овозможуваат овие вкусни јатки:
1. Сјајна кожа
Фстаците се одличен извор и на витаминот Е, заради што често се препорачува за здрава и убава кожа. Витаминот Е ја штити кожата од штетните УВ зраци, пружајќи и’ одбрана од стареење и рак.
2. Здрави очи
Фстаците содржат две каротеноиди кои ги нема во повеќето јаткасти плодови, лутеин и зеаксантин. Поврзани се со намален ризик од развој на сенилна макуларна дегенерација, која предизвикува оштетување на видот и слепило.
3. Здраво срце
Докажано е дека фстаците го намалуваат лошиот холестерол и го зголемуваат добриот дури и после краток период на консумирање. Исто така, тие се борат против воспаленија, ги штитат крвните садови, го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и го зголемуваат нивото на моќниот антиоксиданс лутеин во организмот.
4. Спречува развој на дијабетес
Консумацијата на фстаци може да го спречи развојот на дијабетес тип 2, благодарение на фосфорот кој го содржат.
5. Го зајакнува имунитетот
Витаминот Б6 е важен и за имунолошкиот систем, помага во одржување на здравјето на лимфните жлезди и осигурува производство на бели крвни клетки, кои го штитат организмот од инфекции.
6. Силна крв
Фстаците се богат извор на витаминот Б6, кој е неопходен за производство на хемоглобин, протеин одговорен за снабдување на кислород до клетките.
7. Здрав нервен систем
Витаминот Б6 има и благотворно влијание врз нервниот систем. Исто така, придонесува за синтеза на серотонин, адреналин и мелатонин, како и аминокиселини кои го смируваат преносот на нервни импулси низ нервниот систем.