Кои витамини ви се потребни за следните симптоми?
Многумина имаат проблем со непријатниот здив, испуканите усни и нападите на главоболка. Овие симптоми можат да настанат поради сериозни здравствени проблеми, но и недостиг на витамини и минерали, затоа е важно да знаете што треба да јадете.
Важно е да имате на ум дека способноста на апсорбирање на витамини и минерали може да биде поврзана со земање на лекови, како што се антибиотиците или контрацептивните пилули, потоа навиките во исхраната, пиењето на чај или кафе“, изјави нутриционист од Лондон Роб Хобсон.
Еве уште која храна може да ви помогне кај овие симптоми:
Испукани усни
Може да дојде поради недостиг на железо или витамин Ц. Често се јавува кај вегетаријанците. Решението е да конзумирате што повеќе лосос, јајца, школки, остриги и останати морски плодови. За лицата кои не јадат месо се препорачува кикирики, сусам… Така, е важно да носите и витамин Ц, за да железото полесно го апсорбирате. Се препорачува црвено месо, црвена пиперка, карфиол, тофа келј (сирење од соја)
Перут
Витамин Х (Biotin) Витамин B7, недостаток на есенцијални масни киселини. Намирниците кои можат да ви помогнат се свеж лосос, бадеми, путер од кикирики и сончоглед.
Чистење на косата
Последица на мало конзумирање на железо и витамин Ц. Овде на помош ви е лимунот, кивите, јагодите и црвениот грав.
Псоријаза
Недостиг на витамин Д и Б, цинк и есенцијални масни киселини. Засилете го јајца, морски ракови, свежа туна и печурки.
Сува кожа
Омега 6 масти. Јадете семки од сончоглед, кикирики и сусам.
Бубулици
Се јавуваат поради недостиг на цинк и витамин А. Во секојдневната исхрана вклучете риба, ланено семе, суво овошје, бадеми и ореви. Пробајте и со спањак, иднијски орев, какао и морски плодови.
Масна кожа околу носот
Недостик на витамин Б2 и цинк. Се решава со внесување на фета сирење, бадеми, шпаргли.
Бели флеки на ноктите
Се појавуваат поради недостиг на цинг и железо. Се советува сивнксо, печурки, леблебија и суво грозје.
Пукање на ноктите
Најчест проблем е со железото. Од помош може да бидат ланеното семе, џигер, ф’стаци, леќа.
Чиреви на јазикот
Чиревите на јазикот настануваат по падот на имунитетот и недостигот на витамин B12 i B3, и фолна киселина Црн пасуљ, авокадо, пастрмка, карфиол.
Непријатен здив
Лошиот здив не мора да биде врзан само за расипаните заби, туку може да биде последица на слабата хигиена на устата и создавање на бактерии, особено на јазикот. До ова доаѓа и поради недостиг на железо, затоа се советува суво грозје, грашок, корнфлекс.
Нерасположение
Витамин Б и Д, магнезиум. Лосос, авокадо, киноа семе кое не содржи глутен, а води потекло од Јужна Америка.
Замор
Се јавува поради недостиг на витамин Б, железо и магнезиум. Може да се спречи со внесување на суви кајсии, суви сливи, орев и црн дроб.