Колку е здрав сокот од портокал
Утрото започнува со појадокот, а сокот од портокал претставува додаток на оброкот со кој се постигнува комплетна балансираност во внесот на потребните витамини и хранливи материи.
Како симбол за свежина, консумирањето на 100% сок од портокал наутро нуди големи придобивки. Го активира и размрдува метаболизмот и дигестивниот систем, помага да се расоните и најважно дава чувство на свежина која ве раздвижуваа и полни со енергија за целиот ден.
Во продолжение ќе разгледаме неколку од поважните функции кои сокот од портокал ги има врз вашиот организам:
Антиоксидансите кои ги содржи сокот од портокал помагаат во регулирање на дигестивниот систем и на метаболизмот со што се спречува непотребното задржување на течности во организмот,а помагаат и при исфрлањето на штетните масти.
Со пиење на само една чаша 100% сок од портокал без додаден шеќер и без конзерванси директно ќе придонесете кон подобрување на вашето здравје.
Една чаша сок од портокал задоволува 25% од дневната потреба на витаминот Ц во вашиот организам, витамин што преставува неизоставен дел кој помага во зацврстување на коските, одржување на кожата во најдобра состојба и директно влијае во подобрување на имунолошкиот систем во борбата со сезонските вируси и инфекции.
Портокалите содржат природни состојки кои помагаат во намалување на ризиците од срцеви заболувања и аритмија, а постојат и истражувања кои велат дека портокалот помага во намалувањето на ризиците од појава на повеќе типови на карцином.
Некои од состојките на 100% сок од портокал помагаат во намалувањето на создавањето на ЛДЛ холестеролот во телото, со што се намалува ризикот од појави на проблеми со срцето.