Витамин Ц против импотенција
Витаминот Ц делува како природна вијагра и може да предложи алтернативно решеие на проблемот со еректилна дисфункција кај мажите, тврдат британски експерти, цитирани од “Дејли експрес”.
Еректилната дисфункција, исто така позната како импотенција, се карактеризира со неспособност да се добива и задржува ерекција. Состојбата е честа, а обично влијае на постарите мажи.
Постојат голем број причини за еректилна дисфункција. Меѓу нив е стеснувањето на крвните садови – проблем кој обично се поврзува со дијабетес, висок холестерол и висок крвен притисок. И иако постојат начини за справување со проблемот – на пример слабеење или пропишување на лекови, на мажите често им се препорачува користење на вијагра.
Експертите за исхрана тврдат дека со сличен успех, без придружните несакани ефекти на вијаграта, може да се користи витамин Ц. Витаминот, познат и како аскорбинска киселина, се содржи во производите како цитрусни плодови, зелени и црвени пиперки, јагоди, брокули, бриселска зелка, компир.
“Витамин Ц може да помогне против импотенција, бидејќи меѓу најважните функции е стимулирањето на протокот на крв во машкиот полов орган”, објаснува британската нутриционистка Касандра Барнс.