Висококалорични производи кои го помагаат слабеењето
Тешко дека за некого е тајна дека намалениот внес на калории е вистинскиот пат кон слабеењето.
Тоа сепак не е секогаш точно така. Според нутриционистите некоја квалитетна храна со висока содржина на калории всушност може да биде од корист во борбата со вишокот тежина. Тие споделуваат која е високо калоричната храна, која е со богата содржина на материи и може да ни помогне да се топи килограмите.
1. Авокадо
Во една третина од авокадото може да се најдат 80 калории, но во него има и речиси 20 витамини и минерали плус 3 г влакна. Висококалоричниот плод е богат со калиум, како и мононезаситени масти. Заедно со влакната, овие масти го оставаат чувството на ситост подолго време, намалувајќи го гладот во текот на целиот ден.
2. Жолчките на јајцето
Ако се трудиме да ослабеме, изборот на жолчките наместо цело јајце може да изгледа како лесен начин за намалување на внесот на калории, но тоа не е ефикасна стратегија на долгорочен план. Всушност жолчките на јајцето содржат важни хранливи материи како витамин А, Б витамини, К2 и холин.
Овие хранливи материи помагаат за одржувањето на метаболичка функција и здравјето на тироидната жлезда, а тие се од клучно значење за слабеењето.
3. Јатки
Кога имаме за цел да го намалиме вишокот килограми, грст јатки за појадок се одличен избор. Тие содржат протеини, влакна и моно и полинезаситени масти, кои исто така нè остават заситени подолго. Најубавиот дел е дека сите видови јатки се одлични за губење на тежината.
Сепак не треба да претерувате и со количеството што го конзумирате.