Ова е најстрашниот бел отров што секојдневно го јадеме
Еве како изгледа натриум глутамат Е621 – додаток кој се става во големи количини во речиси сите видови на храна и дури и рестораните го познаваат доста добро, а се додава, за да го засили вкусот на храната.
Белиот кристален прав личи на сол и шеќер. Водниот раствор од него има вкус на супа со месо. Може да биде додаден во секоја храна. Натриум глутамат води до зголемување на апетитот, прејадување и до прекумерна тежина.
Се користи со цел да се поттикнат клетките во мозокот, дејството е како дрога, продира лесно во крвта и мозокот и доведува до промена на гените кои се одговорни за чувството на вкус. Натриум глутамат се содржи во сите колбаси, салами, виршла, суџуци, чипсови, подготвени супи, конзерви, пиво и многу други. Безопасна доза за организмот на возрасен е 1,5 грама на ден, за деца – не повеќе од половина грам.
Денес во светот се употребуваат околу 200 илјади тони годишно од овој додаток. Симптомите на предозирање од Е621 се нарекува синдром на кинескиот ресторан и би можеле да бидат поспаност, мигрена, умешност, хормонален дисбаланс, гадење, слабост, вртоглавица, болки во градите и друго.
Откриен е во 1907 година во Јапонија од Икеда Кикунае кој во експерименти открил дека супстаната го засилува вкусот на храната. Тој не само што го засилува природниот вкус на производите, но и го подобрува вкусот и аромата на конзервираната брза храна, замрзнатите производи.
Тој е доста популарен во Америка и благодарение на него, таму се купува повеќе храна. За време на експериментот, истражувачите додавале натриум глутамат во храната на глувци и тие го изгубиле видот. Една од негативните последици од употребата на натриум глутамат е дека тој влијае врз рецепторите на јазикот, кои со текот на времето ја влошуваат перцепцијата на храна.
Често пати, поради натриум глутамат кој ја прави храната многу вкусни, ние не можеме да престанеме да јадеме секаква шетна храна како чипсови, чоколатца, подготвени супи и др. Тој предизвикува зависност, односно човек на потсвесно ниво преферира производи кои го содржат и тоа е добредојдено за производителите, бидејќи се зголемува нивната продажба. Не заборавајте!
Производителите на храна имаат корист да употребуваат Е621, бидејќи со овој додаток ги намалуваат трошоците за производство и ја маскираат неквалитетната стока.