Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Со неконтролирана употреба на антибиотици, односно ако ги злоупотребуваме за да се лекуваме на своја рака или да третираме вируси со нив, во блиска иднина ќе нè убиваат и банални инфекции. Научниците го вклучија црвеното светло за аларм дека треба да се создадат т.н. супербактерии, на кои не може да дејствува ниту еден антибиотик. Светската здравствена организација објави листа со 12 бактерии кои се сметаат за огромна закана за здравјето зашто станале отпорни на повеќето антибиотици и за кои, што е можно побрзо, треба да се најде лек. Во Македонија ги има сите и ги усмртуваат оние луѓе кои се со опаднат имунитет.

Мутираат и стануваат сè посилни

Отпорноста на антибиотиците, кога тие не дејствуваат како што треба за да се излекува пациентот, се нарекува антибиотска или антимикробна резистенција. Ако не си ги промениме навиките и продолжи злоупотребата на антибиотиците, во иднина, како што велат научниците, многу операции, како на пример царски рез, трансплантација на органи и ткива, вградување вештачки колкови и зглобови, па дури и хемотерапија или лекување во болница кога организмот има слаб имунитет, можат да станат поопасни и смртоносни зашто антибиотиците ја губат својата сила и отпорност.
Фармацевтската индустрија долго време не може да се пофали со нови листи на антибиотици, па објавувањето на листата на СЗО е и повик до фармацевтите своите истражувања да ги насочат во правец на борба против отпорноста на бактериите на антибиотици. Со текот на годините, пак, за да се излекува некоја инфекција, потребни се сè поголеми и поголеми дози од некој антибиотик.
Бактериите, поради честото пиење антибиотици, толку мутирале, што имаат вградени механизми со кои бараат нови начини на преживување, а плус опасност е што тој генски материјал може да го пренесат и на други бактерии.

Бактерии – најитно ни треба лек?

Опасните бактерии на листата на СЗО се поделени во три групи. Како најопасни се прогласени: Pseudomonas aeruginosa, Enterobacteriaceae и Acinetobacter baumannii. СЗО вели дека наоѓањето „убиец“ за нив е апсолутен приоритет.
Шест бактерии се на листата за висок приоритет: Enterococcus faecium, Helicobacter pylori, Salmonela, Campylobacter, Staphylococcus aureus и Neisseria gonorrhoeae.
Во категоријата за среден приоритет за наоѓање лек се: Shigelle, Haemophilus influenzae и Streptococcus pneumoniae.
Токму овие може да станат најголеми убијци ако во релативно кратко време не се најдат лекови со кои ќе се лекуваат инфекциите што ги создаваат.
– Сите овие бактерии ги има во Македонија и предизвикуваат смртност.
Во Европската Унија умираат по 25.000 лица годишно поради напади на супербактерии. За споредба, во сообраќајни несреќи умираат 35.000. Кај нас ваква евиденција не се води.
Далеку сме од скандинавците

Во Европа најниски стапки на резистенција има во скандинавските земји.

– Кај нас антибиотици се даваат двојно помалку од порано, што е добро, но и понатаму примаме двојно повеќе од северните земји.
Во скандинавските земји антибиотик добиваат 30 проценти од пациентите што се соочуваат со респираторни инфекции, а таму се смета дека овој процент е висок и треба да се намали.
– Се забележува стагнирање или благо опаѓање на потрошувачката на оваа група лекови во последните две-три години. Од тоа може да бидеме задоволни, но свеста мора уште многу да се развива.

Вируси не се лекуваат со антибиотици

Антибиотиците се примаат за да излекуваат бактериска инфекција. Секоја бактериска инфекција се лекува со посебен антибиотик, затоа е многу значајно да се открие која бактерија ја направила инфекцијата. Доколку тој се погреши, не само што нема да се излекува, туку ќе се изгуби драгоцено време во лекувањето, инфекцијата ќе се зголеми, а организмот ќе стане поранлив.
Македонските пациенти, а и дел од лекарите, најчесто грешат кога вирусите ги лекуваат со антибиотик. Овие лекови не дејствуваат на вируси, па залудно се земаат кога има вирусна инфекција. Од друга страна, во тој момент се уништуваат „добрите“ бактерии во организмот и пациентот станува поранлив и е подложен на нови разболувања и инфекции.

Сами правиме посилни непријатели

За сликовито да објаснат каква е дополнителната опасност од злоупотребата на антибиотиците, научниците велат да ги замислиме како војници, а инфекцијата како непријател. Доколку војниците го нападнат непријателот со погрешно оружје, ќе ја изгубат битката. Во исто време бактериите кои го создале непријателот на организмот, ќе станат посилни и ќе мутираат приспособувајќи се на напади од различно оружје. Новите мутации, или супербактериите обично се јавуваат во болнички услови и усмртуваат веќе заболени.
Се смета дека ако светот не реагира веднаш за антибиотската резистенција, супербактериите ќе усмртуваат по еден човек на секои три секунди до 2055 година.

 

Поврзани вести

 

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Mагационер
Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство
  • Возачка дозвола „В“ - категорија
  • Познавање на англиски јазик и поседување на сертификат за управување со виљушкар ќе се смета за предност
  • Вработувањето е на определено време, со можност за трансформација на неопределено време.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес с. Долно Оризари бб, Велес 1400 задолжително со назнака за Магационер, најдоцна до 15/11/2017 година.

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/11/2017 година.

Најново