Кафето го покачува нивото на холестеролот
Најновите сознанија за кафето, можеби ќе ви го променат денот. Сите љубители на кафето треба да знаат дека во кафето има соединение, кафестол (kafestol), кое го покачува нивото на холестеролот.
Истражувањата покажале дека кафестолот влијае на рецепторите во цревата, кои се клучни за регулирање на метаболизмот на холестеролот.
Оваа состојка ја има и во кафето без кофеин. Најмногу зависи од начинот на приготвување на кафето. Во турското кафе и нес кафето има многу големи количини. Во мала количина го има само во филтер кафето.
Причината е во начинот на подготовка на кафето. Во хартиените кесички од филтер кафето остануваат мастите од кафето, тоа се всушност состојките кои го зголемуваат холестеролот. Доколку конзумирате 5 шољи кафе дневно, во текот на четири недели нивото на холестерол во крвта ќе се зголеми за 6-8 %.
Умереноста во конзумирање на кафе не би направила проблем.
Од друга страна пак, кафестолот е антиканцероген и го спречува ракот на дебелото црево.