Чоколадо за појадок!
Објавено на 14 ноември, 2017 во 16:30
Иако знаеме дека е темното чоколадо добро за здравјето, во нормални количини, секако, многумина се уште имаме чувство на вина додека го јадеме. Веројатно затоа што е генерално, тешко да се одолее и да се изедат само неколку коцки, кога пред нас има цели 100 грама.
Но, науката уште еднаш потврдила и го поттикнала јадењето на црно чоколадо. Имено, според истражувањата кои ги спровел универзитетот Сиракуза, црното чоколадо ги подобрува когнитивните функции на мозокот. Значи, подобро ќе памтиме, подобро ќе расудуваме и подобро ќе се концентрираме.
Бидејќи ни е важно мозокот да функционира во текот на работниот ден, научниците донеле единствен логичен заклучок: чоколадо е најдобро да се јаде за појадок!