Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Ништо не е поубаво во есен од мирисот на врели печени костени. Тие ѝ припаѓаат на групата јаткасти плодови, но од своите роднини (ореви, бадеми и лешници) се разликуваат по нискиот процент на масти и високиот процент на скроб и единствени содржат витамин Ц.

Питомите се јадат, а дивите кои за жал не се за јадење, поседуваат лековити својства. Најчесто се споменуваат како помош кај проширени вени и оштетување на капиларите.

По нутритивниот состав костените се слични на кафеавиот ориз, а се одличен извор на елементи во трага (минерали кои ни се потребни во многу мали количини). Богати се со скроб, па од нив може да се направи и брашно. Костемите се единствени јаткасти плодови кои содржат витамин Ц, а претставуваат извонреден извор на витамин Б6. Исто така, костените се и добар извор на калиум и фолна киселина и на прехранбени влакна неопходни за правилно функционирање на системот за варење.

Костените се намирници кои ги карактеризира нешто повисока енергетска вредност, со оглед на тоа што 100 грама печени костени содржат околу 245 калории. Иако се многу хранливи, доста тешко се варат. Интересно е тоа што печените костени содржат повеќе витамини, а варените поголема количина минерални состојки.

При купувањето на костени треба да се обрне внимание на тоа плодовите да бидат сјајни, без дупчиња на лушпата, а кога ќе ги земеме во рака, нивната маса мора да биде соодветна на величината, а не смеат да имаат шуплив звук кога ќе ги протресеме.

Костените треба да се чуват на ладно до 2 недели, а корисно е да се провери дали на одделни плодови се појавиле дупчиња и таквите плодови треба да се издвојат.
Релативно големата енергетска вредност која му ја должи на високиот процент на скроб ги прави одличен избор за спортистите, за оние што се изложени на телесни напори и за децата.
Со оглед на тоа што изобилуваат со калиум, а истовремено се сиромашни со натриум, костените совршено се вклопуваат во исхраната на лицата со кардиоваскуларни и бубрежни заболувања. Исто така, прехранбените влакна што ги содржат можат да им бидат од помош на сите кои имаат нередовна столица.

Чајот од листови од костени е познат народен лек против тегоби со дишниот систем, како бронхитис и астма.

Гастрономската примена на костените е многу поголема од едноставното уживање во варени и печени костени. Дијапазонот на јадења со костени е разновиден, од супи, преку главни јадења до десерти.
Често се додаваат и во салати, како и во тестенини. Во многу земји низ светот Божикните празници се незамисливи без мисирка полнета со фил од костени. Костен пирето е исто така многу познат десерт кој обично се комбинира со шлаг но наоѓа своја примена и како полнење за разни теста. Исто така, се употребува и за подготвување на сосови кои се служат со дивеч.

Печените костени можат да се исушат и да се смелат во брашно од кое потоа се подготвуваат колачи и пити.

Поврзани вести

 

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Mагационер
Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство
  • Возачка дозвола „В“ - категорија
  • Познавање на англиски јазик и поседување на сертификат за управување со виљушкар ќе се смета за предност
  • Вработувањето е на определено време, со можност за трансформација на неопределено време.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес с. Долно Оризари бб, Велес 1400 задолжително со назнака за Магационер, најдоцна до 15/11/2017 година.

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/11/2017 година.

Најново