Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Наместо да купувате скапи козметички препарати сами можете да подготвите природен и ефикасен лосион со кој ќе ги отстраните пегите и флеките од вашето тело.

Пегите и флеките се појавуваат кога кожата старее и кога неправилната пигментација станува видлива. За да се справите со нив, не ви се потребни скапи козметички препарати. Можете сами да подготвите ефикасен лосион од магдонос и лимон.

Потребно ви е: 1dl сок од лимон, 2 лажици листови од свеж магдонос, 1,5dl дестилирана вода и 0,5dl 70% алкохол.

Исецкајте ги листовите од магдонос и прелијте ги со дестилираната вода и алкохол. Промешајте ја смесата, поклопете ја и оставете ја да одстои во текот на ноќта. Следниот ден смесата исцедете ја, додадете го лимоновиот сок и течноста ставете ја во стаклено шише. Шишето чувајте го на ладно и темно место. Лосионот нанесувајте го секое утро.

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново

 
   
   
   
   

rontis

 

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

30 (триесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

 ССС
 Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија – Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 05/11/2018 година.