Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Болките во мускулите како и болките предизвикани од ревматоиден артритис можете да ги ублажите со пиво од ѓумбир, а истото важи и за симптомите на настинка и грип. Корисно е и за подобрување на циркулацијата на крвта и спречување на појава на рак. Ѓумбирот содржи изобилство од минерали, потоа витамин Ц и витамини од групата Б. Неговата специфична слатко-лута арома потекнува од мешавината на биоактивни материи.

Состојки:

450 мл филтрирана вода
200 г излупен и исечкан ѓумбир

За сирупот:

200 г шеќер
Малку мед
Пола лимета
Пола шолјичка минерална вода

Приготвување:
Ставете 450 мл филтрирана вода во тенџере и ставете го на оган да зоврие. Откако водата ќе зоврие додадете 200 грама излупен и исечкан ѓумбир. Намалете ја температурата и варете уште 5 минути. Потоа оставете ја смесата да стои 20-тина минути. Исцедете.
Подгответе го сирупот во посебен сад: стопете 200 г шеќер со една шолја филтрирана вода и зовријте. Помешајте пола шоја сок од ѓумбир со 1/3 шолја сируп и пола шолја минерална вода. Додадете малку мед и неколку капки сок од лимета.

Извор: Арт кујна

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

 

Најново