Чоколадо не се чува во фрижидер
Кулинарскиот критичар и експерт за чоколадо, Лук Овен смета дека чоколадните производи никогаш не би требало да се чуваат во фрижидер.
Овен, кој инаку е сопственик на продавница за чоколади, вели дека таа секојдневна слатка намирница во фрижидерот станува здодевна и ги губи своите вкусови.
Според него, чоколадото треба да се чува на ладно, суво и темно место. А, колку што ниските температури можат да влијаат на вкусот, толку и високите влијаат на обликот на производот. Во таков случај, советот гласи – ставете го чоколадото во метална кутија, па тогаш во фрижидер.
Пред конзумирањето, треба да го оставиме неколку минути на собна температура.
Со тоа се согласуваат и експертите за безбедност на храната. Белинда Стјуарт Мунлајт го посочи примерот кога го вадиме чоколадото од фрижидер, моментната кондензација прави шеќерот да создаде бела обвивка, а вкусот на чоколадото е како да јадеме остатоци од вчера.
Нема сомнеж дека чоколадата се највкусни кога се јадат на собна температура, а како идеална се смета онаа меѓу 15 и 20 степени Целзиусови.