Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Дали сте пробале свежо исцеден сок од црвена зелка ? Ако не сте, знајте дека сте пропуштиле многу! За разлика од сокот од обична зелка, кој може да е горчлив, сокот од црвена зелка е сладок и има исклучителни здравствени придобивки за организмот.

Во сокот од црвена зелка се содржат моќни антиоксиданти и антинфламаторни лекови, кои играат важна улога за здравјето на крвотокот, го намалуваат холестеролот, потиснуваат прекумерното секретирање на жолчен сок и формирањето на слуз во цревата. Млечната киселина во сок од црвена зелка дури ја чисти згурата по дебелото црево и ја стимулира детоксикацијата.

Сокот од црвена зелка помага не само на кардиоваскуларниот систем. Тој е корисен за дигестивниот систем, ефикасен е во превенција на ракот и ги штити бубрезите од акутни и хронични заболувања.

Како да си приготвите корисен сок од црвена зелка:

3 сливи
¼ црвена зелка
2 страка целер
1 портокал

Измијте ги сите производи многу темелно. Извадете ги семките и излупете ги портокалите. Исечете ја зелката. Стегајќи сок од производите со помош на преса за сок или соковник (во зависност од тоа со што имате).

Промешајте и уживајте во извонреден вкус и неверојатни здравствени придобивки.

Сините сливи содржат супстанции, кои се борат со слободните радикали и супресанти за стареењето на клетките. Во нив има уште витамин А, кој ја храни кожата, ги чисти токсините и ја штити усната шуплина од инфекции.

Целерот е многу богат со растителни влакна, корисен за варење, детоксикацијата, контролирање на метаболизмот.

Портокалот е врвен извор на витамин Ц, Б6, А, Е. Во него се содржат уште железо, магнезиум, калциум, калиум и цинк.

Цвеклото пак содржи едни од најмоќните антиоксиданси кои помагаат за здравјето на црниот дроб, бубрезите и се бори со ракот на кожата.

Поврзани вести

 

Најново