Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Никој не очекуваше дека четири млади жени долго ќе живеат. Тие имаа ретка, фатална и агресивна форма на рак на јајниците. Стандарден лек нема.
Жените кои не се познаваат и живеат во различни земји побарале од лекарот да пробаат нови имунотерапетски лекови. На барањето им било одговорено дека тие лекови не го лекуваат таквиот вид на рак.

Се чини дека лекарите направиле грешка. Жените успеале да добијат имунотерапија и ракот заминал во ремисија.

Оваа приказна ги збуни научниците. Ако истражувачите би успеале да утврдат што се случило, тоа би ја отворила вратата на новите третмани за широк спектар на други видови на рак кои не одговараат на имунотерапијата.

– Ние се уште не ја знаеме целата приказна ниту пак како имуносистемот ги препознава туморите, рече др. Џед Волхок, специјалист за рак во Меморијалниот центар Слоун Кетрин во Њујорк, „мораме да ги проучиме луѓето кои имаат биологија која се коси на стандардните генерализации“.

Четирите жени тешко дека можат да прават клиничко истражување. Но, исклучоците се тие кои ви ги даваат најдобрите информации, рече др. Дру Пардол, специјалист во Медицинскиот центар Џонс Хопкинс во Балтимор, Мериленд.

Д-р Даглас Левин, директор на гинеколошката онкологија во Медицинскиот центар Лангон на Универзитатот во Њујор, специјалист за ракот на јајникот пред неколку години откри дека ракот предизвикува една генетска мутација. Ова откритие на пациентите не им беше од корист, затоа што немаше лек што би можело тоа да го спречи.

Жените со овој вид на рак ја споделија веста во затворена Yahoo група. Доктор Леви побара да влезе во групата и учествува во разговорите. Тој таму пронајде пациенти кои ги убедиле лекарите да им даваат имунотерапија иако немало причина да се верува дека таа ќе успее. Жените пријавиле дека туморите биле веднаш намалени.

Идејата за имунотерапија е да се уништи молекуларниот штит што некои тумори го користат за да го избегнат нападот на белите крвни зрнца. Имунолошкиот систем овие тумори ги гледа како натрапници кои хранат стотици генетски мутации кои телото ги препознава. Кога белите крвни зрнца ги нападнат клетките на ракот, тие се враќаат зајакнати.

Имунотерапевтските лекови го пробиваат тој штит и овозможуваат на имунолошкиот систем да ги уништи клетките на ракот. Но, новите лекови не работат против голем број вообичаени видови рак.

Овие видови рак поддржуваат помала генетска мутација и експертите објаснуваат дека поради тоа клетките на ракот не делуваат како голема закана на телото, па затоа не се бори.

Ракот на белите дробови, генетски тип на колоректарлен рак и меланом имаат многу мутации и имунотерапијата често е успешна во нивното лекување. Ракот на простатата, панкреасот, дојките, јајниците и голем број други тумори имаат помалку мутации.

Идејата дека лековите можат да делуваат на рак на јајниците што предизвикува само една генетска мутација нема смисла.

Потоа дојдоа жените.

Оријана Суса, 28-годишен психолог од Португалија, отрки дека има рак на јајник во декември 2011 година. Ниту третманот не и помогнал.
„Многу страдав“ рече таа.
Таа во 2015 година успеа да го убеди лекарот да и препише имунотерапија. Туморите моментално почнале да се намалуваат и продолжиле да се намалуваат додека го земала лекот. Лекарите велат дека нема ниеден тумор. И нејзиниот животот и се вратил во нормала.
– После работа одам на терапија. Луѓето кои не знаат низ што сум поминла не можат да претпостават дека сум била онколошки пациент, рече таа.

Д-р Пардол и д-р Падмане Шарм од Андерсон Центарот за рак во Хјустон планираат нова тест група.

Тие знаат дека имунотерапијата не делува кај многу пациенти дури и оние кои имаат тип на рак кој е подложен на овој вид терапија. Поради оваа причина тие составиле тест кој треба да утврди кој би можел да одговори на имунотерапијата и потоа да селекуваат тие пациенти без оглед на видот на ракот што го имаат.

Во студијата на д-р Шарм, експертите ќе ја проучуваат патолошката страна на туморот за да видат дали белите крвни зрнца стапуваат во некој вид на рак. Ако тоа е случај, пациентот ќе добие имунотерапија која ќе помогне во активирање на белите крвни зрнца да го нападнат туморот.

Д-р Пардол и други ќе бараат дали туморот – не е важно кој – имаат протеин PD-L1 на површината кој го одбива имуносистемот. Пациентите со таквите тумори ќе бидат лекувани со имунотерапија.
Сето тоа е тапкање во мракот. Но, понекогаш таквото тапкање, рече Суса, ја погодува целта.

– Неверојатни работи се случуваат дури и кога нема шанси, вели таа.

 

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 25/09/2018 година.