Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Денеска е и научно докажано дека не мора да броите калории и да јадете минијатурни порции за да ослабнете. Секако, тоа не значи дека секојдневно треба да ставате акцент на исхрана која се базира на јаглени хидрати и шеќери.

Она што треба да го направите за почеток е да го намалите внесувањето на шеќери и да се опуштите – резултатот би можел да ве изненади.
Многумина сметаат дека тоа звучи многу поедноставно во теорија отколку во пракса. Еве неколку едноставни совети од нутриционисти како да се храните здраво без поголеми проблеми.

Консумирајте интегрален ориз наместо бел

Оризот е одлична намирница за оние кои немаат многу време за готвење, а не сакаат да јадат брза храна со мали нутритивни вредности. Добра вест е дека не мора да се откажете од оваа намирница – едноставно, прејдете на нејзината поздрава варијанта!

Не заборавајте на замрзнатото овошје

Кога следниот пат ќе одите во продавница, покрај свежо, купете и замрзнато овошје. Ќе трае подолго и ќе ви послужи како одлична варијанта кога немате време. Подгответе си вкусно и здраво смути кое ќе ве наполни со енергија.

Купувајте салати кои едноставно се приготвуваат

Добро е познато дека салатите можат да бидат одличен целосен оброк. Но за да ги подготвите може да ви треба повеќе време отколку што имате. Од таа причина младиот спанаќ е одлична идеја, не треба да се сечка ниту термички да се обработува, а ако му додадете туна или чаден лосос со малку зачини, сте го решиле проблемот за ручек или за вечера.

Купувајте плански преку интернет

Ако понекогаш не ви се оди во продавница, доколку во вашиот град има таква можност, нарачајте преку интернет. Денеска има и се поголем број ресторани кои нудат поволни опции за здрави оброци кои можат да ви сполужат во денови кога навистина немате волја или време да си подготвите оброк.

Имајте резерви од готова храна

Секако дека притоа не се мисли на готови јадења полни со конзерванси, туку на оброци кои ќе си ги подготвите дома, а кои можат да стојат по неколку дена или пак кои можат да се замрзнат. Многу е едноставно: направете поголема количина од некое јадење и ќе имате ручек за неколку пати!

Извор: Арт кујна

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново