Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Грозјето е одличен извор на витамини од групата Б (освен Б12), А и Ц кои поттикнуваат размена на јаглехидрати и поволно делуваат на нервниот систем. Содржи шеќер, кој се разликува од останатите шеќери затоа што брзо навлегува во крвотокот и се препорачува при физички и психички напор.

Содржи и танини, винска, јаболкова и лимонска киселина, минерали калиум, магнезиум, фосфор, железо, бакар и манган, а кожинката од зрната изобилува со целулоза.

Исто така, содржи и кверцетин, супстанца која го регулира нивото на холестерол во крвта и намалува ризик од појава на срцев удар, го заштитува срцето и крвните садови, а богата е со полифеноли, антоцијани и пектини.

Тие се антиоксиданси кои се борат против штетните материи и слободните радикали па спречуваат појава на разни тумори и го заштитуваат организмот од предвремено стареење.

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

 

Најново