Глуварчето е природен чистач на организмот
Објавено на 5 јуни, 2018 во 08:56
Глуварчето го јакне организмот и му помага на телото да се ослободи од отровите.
Глуварчето е природен лек и за многу заболувања.
Глуварчето се користи и при проблеми со бубрезите, црниот дроб, жолчката, дигестивниот систем, ефикасен е за прочистување на организмот и за подобрување на метаболизмот.
Глуварчето е многу хранлива билка богата со витамини А, Б, Ц, со минерали (посебно со калиум, натриум и магнезиум) и со органски киселини.
Пролетната салата од глуварче се прави од сосема млади листови, кои се берат пред цветањето на билката и надвор од населените места.