Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

asperin fin

Аспиринот веројатно е првиот лек што Ви доаѓа на ум кога чувствувате болка. Тој е класичен пример за лек кој веќе 100 години и понатаму останува главен избор за различни болести и состојби. Малку познат факт е дека ацетилсалицилната киселина, денес позната како аспирин е користен и во антиката. Во античка Грција, Хипократ ја извлекувал оваа киселина од врба и ја користел против главоболка и грозница. Информации за користењето на прав од кората на бела врба претходно имало и во древниот Сумер и Египет. Тука се и некои неочекувани бенефиции од консумирање аспирин, кој ќе ви ги кажеме:

Помага во борбата против акни, има анти-воспалително дејство, со него можеме да ги отстраните дури и најпознатите досадни мозолчиња. Само се мешаат 2-3 згмечени аспирини со малку сок од лимон и се третираат мозолчињата.

Го олеснува чешањето по каснување и го намалува отокот и иритација на кожата. Растворете една таблета во лажица со вода ипастата нанесете ја на каснатото место.

Ги отстранува дамките на кожата.Аспиринот ја содржи истата состојка којашто се користи во креми за да се осветли кожата. Измешајте 7 таблети, 3 лажици кисело млеко и 1 лажица мед и оставете ја маската да стои околу 15 минути. По миењето на лицете ќе забележите дека дамките се намалени или изчистени.

Ја обновува коса. Неколку аспирини се раствораат во чаша со топла вода и растворот се нанесува на косата. Почекајте 15 минути, а потоа исплакнете ја косата.

Го отстранува првутот. Се мие косата со два здробени аспирина измешани со малку шампон.

Измијте го лицето со микс од издробени аспирини со малку вода и вашата кожа ќе се исчисти од мртвите клетки и ќе биде посвежа.

Ја омекнува кожата на нозете – 7 здробеби таблети се мешаат со малку сок од лимон. Нанесете ја смесата на нозе и завиткајте ги со крпи. Оставете да дејствува 10 минути, а потоа измијте ги нозете.

Ги отстранува дамките од пот. Нанесете мешавина од вода и аспирин на дамки од пот и оставете да дејствува цела ноќ. Потоа се пере облека, како и обично.

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

 

Најново