Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

lek fin

Наместо бројните сирупи и пастили од аптека, против кашлица, грип и настинки ,ви го препорачуваме овој едноставен домашен лек против кашлање, без нуспојави, кој е идеален и за најмладите членови на семејството.

Потребни состојки:

– Мед
– Црна ротквица

Подготовка:

1. Издлабете ја внатрешноста на црната ротквица така што од неа ќе направите чаша.

2. Издлабениот дел наполнете го со мед (водете сметка дека и ротквицата ќе пушти сок, па затоа не ја полнете со мед до самиот врв).

3. Ставете ја ротквицата во доволно широка чинија која ќе служи како држач.

4. Оставете ја да отстои преку ноќ на собна температура.

5. Добиениот сируп наутро ставете го во сад со капаче.

Бидејќи медот збогатен со соковите од ротквицата нема нуспојави, можете да го консумирате по желба, на секој час, по „нападот“ на кашлицата и нормално пред спиење за да го смирите грлото. Овој сируп е погоден и за децата на најмала возраст.

 

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

30 (триесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/02/2019 година.