Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

tecnadieta fin

Течната диета е многу ефикасна за брзо слабеење. Максималнато време на траење на оваа диета е две недели и за тоа време можете да намалите 10 – 15 кг.

Во текот на течната диета стомакот се намалува во обем и поради оваа причина после течната диета ќе можете да продолжите да го контролирате апетитот и тежината. Стомакот е мускулеста торба која има способност да се растегнува, ако редовно се полни со храна. Просечен стомак се справува со два пати повеќе храна од колку што навистина ни е потребно.

Течна диета – Програма

Течната диета подразбира преоѓање исклучиво на течна храна: сокови, супи , млечни производи, билни чаеви и вода. Вкупната количина на течност дневно не би требало да биде повеќе од 3 литри.

09:00 – една шоља чорба од овес
10:00 – една шоља растителен бујон (бујон – бистра процедена супа )
11:00 – една шоља топла провриена вода
12:00 – една чаша овошен сок разблажен со вода (пола – пола)
13:00 – една шоља топла провриена вода
14:00 – една чаша млеко
15:00 – една чаша слаб билен чај без шеќер
16:00 – една шоља месен бујон без сол
17:00 – една шоља топла провриена вода
18:00 – една шоља топла провриена вода
19:00 – една чаша овошен сок разреден со вода ( пола – пола)
20:00 – една шоља топла провриена вода
21:00 – една шоља кефир ( со намалена масленост)

Три дена по завршувањето на течната диета:

Прв ден: Може да јадете само варен зеленчук и тоа мали порции.

Втор ден: Чинија варен зеленчук, додадете каша од варен зеленчук и парче леб, а за вечера – свеж морков и зелка.

Трет ден: Јадете како и пред диетата, освен масната храна и лебот и намалете ја количината на внесување на храната.

Кога ќе додадете леб во исхраната гледајте да не биде повеќе од две парчиња дневно.

Оваа диета која брзо доведува до големо губење на тежината не е премногу здрава. Поточно, не е посебно корисна ако ја држите подолго време.

Пред да се одлучите за оваа диета (како и за било која друга) консултирајте се со вашиот лекар.

 

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново