Шпанија најздрава земја, Македонија на 56 место
Можеби тајната е во гаспачото или паељата, бидејќи Шпанија едноставно ја надмина Италија, за да стане најздравата земја во светот. Шпанија има најдолг животен век при раѓање меѓу народите на Европската унија.
Ова е според класификацијата Bloomberg Healthiest Country Index за 2019 година, во која се рангираат 169 држави според факторите кои придонесуваат за општото здравје. Шпанија беше на шестото место во претходниот индекс, објавен во 2017 година.
Уште четири европски држави се меѓу првите 10 во 2019 г.: Исланд (трето место), Швајцарија (петта), Шведска (шеста) и Норвешка (деветта). Јапонија беше најздравата азиска нација, која скокнала за три места понапред од истражувањето за 2017 година кое е на четвртото место и го замени Сингапур, кој падна на осмото. Австралија и Израел ја завршуваат првата десетка на седмото и десеттото место.
Индексот ги рангира земјите врз основа на варијабли, вклучувајќи го времетраењето на животот, додека пишува “црни точки” за ризици како употребата на тутун и дебелината. Тој исто така ги зема предвид факторите на животната средина, вклучувајќи пристап до чиста вода и канализација.
Шпанија има најдолг животен век при раѓање меѓу народите на Европската унија, редејќи се глобално само по Јапонија и Швајцарија, покажуваат податоците на ОН. Предвидено е Шпанија до 2040 година да има најдолгживотен век, речиси 86 години, проследен со Јапонија, Сингапур и Швајцарија според Институтот за мерење и оценка на здравјето во Вашингтон.
“Примарната грижа се обезбедува главно од јавни добавувачи, специјализирани семејни лекари и медицински сестри кои обезбедуваат превентивни услуги на деца, жени и постари пациенти, како и грижа при акутни и хронични случаи”, се наведува во прегледот на Европската опсерваторија за здравствените системи и политики 2018 година за Шпанија, истакнувајќи пад во последната деценија на кардиоваскуларни болести и смртни случаи од рак.
Куба се наоѓа на пет места над САД, што ја прави единствената земја која не е класифицирана како со “висок приход” од Светската банка, но е рангирана толку високо. Една од причините за успехот на островската нација може да биде акцентот врз превентивните грижи пред фокусирањето на Американците врз дијагностицирањето и лекувањето на болести, се вели во извештајот на Американската асоцијација на адвокатите за здравјето, објавен минатата година по посетата на Куба.
Меѓу земјите од Балканот најнапред во класификацијата е Грција – на 26 место, иако бележи повлекување со 6 позиции. Босна и Херцеговина е на 42-рото место, следена од Албанија. Турција е 51-ва, а Македонија и Србија делат 56-то место.