За еден месец – пет килограми помалку
Ако сакате секое утро наместо кафе да пиете коктел од кефир и сливи, тогаш успехот дека наскоро ќе ја имате посакуваната тежина е загарантиран. Освен тоа што ќе ослабете, со овој напиток ќе го прочистите и организмот од наталожените токсини.
Не само што е здрав и што многу ќе помогне да ја подобрите работата на цревата, со помош на овој напиток без притоа да внимавате на исхраната или да вложувате каков било дополнителен труд, во рок од триесетина дена ќе ослабнете од три до пет килограми.
Со редовното консумирање на овој напиток освен што ќе ги намалите килограмите, ќе го намалите и обемот на телото, особено во делот на стомакот.
Потребни ви се само две состојки
Напитокот што ќе ви го регенерира целиот организам се состои од само две состојки и воопшто не е тежок за подготовка. Сѐ што е потребно е да земете околу 250 грама кефир, во кој ќе додадете поголемо количество свежи сливи и малку вода за да биде редок и да можете да го пиете.
Откако ќе ги измешате потребните состојки, со блендер убаво измиксирајте го напитокот и внесувајте го наместо појадок. Покрај редовното консумирање на кефирот во комбинација со сливи, за да се постигне посакуваниот ефект, задолжително во текот на денот мора да консумирате најмалку два литри вода за да се одвива непречено процесот на детоксикација.
Ќе се чувствувате подобро и ќе го намалите обемот на стомакот
Токму кефирот и сливите најдобро влијаат врз работата на дигестивниот систем што е многу важно за луѓето што имаат т.н. мрзливи црева.
Кефирот важи за најмоќен пробиотик, кој не само што е пријатен за цревата, туку на организмот му делува и како антибиотик, а исто така помага и во борбата со остеопорозата, астмата и одредени видови алергии.
Од друга страна, пак, сливите се познати по своето лаксативно дејство и веќе долго време се користат за решавање проблеми со запек. Сливите во својот состав изобилуваат со растителни влакна, кои се многу важни за редовна столица, а исто така го намалуваат и чувството на глад и на нелагодност во стомакот.