Два природни производи против висок крвен притисок
Луѓето со висок крвен притисок треба да користат два природни производи кои се посебно корисни затоа што експресно го намалуваат.
Цимет
Неколку студии потврдија дека систолниот и дијастолниот притисок кај возрасните лица го намалува добро познатиот ароматичен зачин. Доколку ставите половина лажичка во својата дневна исхрана, полесно ќе го контролирате високиот крвен притисок. За инстант ефект, шмукајте половина лажичка цимет во прав, а потоа испијте чаша вода.
Лук
Лукот кој многумина го прогласуваат за најздрав на светот, експресно го намалува високиот крвен притисок. Ги опушта крвните садови и ги проширува, поради што крвта полесно циркулира, па на тој начин притисокот се намалува.
За брзо намалување на притисокот, згмечете три чешниња лук и доколку можете изедете ги само нив. Ако не можете комбинирајте со малку леб.
Најдобро е лукот да се гмечи пред консумирањето, бидејќи така ја поттикнуваме ензимската реакција во која настанува алицинот, моќен спој со кој лукот се брани од нападот на бактерии и габички.