Домашен лек – антибиотик за инфекции
Објавено на 21 август, 2020 во 15:16
Природен лек против инфекции на бубрезите, мочниот меур и уринарниот тракт можете да си приготвите сами. За тоа ви е потребно:
Состојки
250 г лимон
3 лажици мед
250 г корени од магдонос
2 дл маслиново масло
Приготвување
Исечете го коренот од магдонос на парчиња и ставете го во блендер со рендана кора од лимон, мед и маслиново масло.
Измешајте ги состојките додека не добиете хомогена смеса и чувајте ги во фрижидер.
Земајте една лажица од лекот секое утро.