Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

ruzmarin fin


Кога станува збор за здравата исхрана, луѓето се чини дека станаа поактивни отколку што некогаш биле. Постои зголемен интерес за здрав начин на живот и луѓето се информираат и едуцираат за тоа што јадат. Многу луѓе започнуваат со здрави навики во исхраната со цел да ја контролираат телесната тежина и разни болести, и затоа ви претставуваме уште едно растение кое може да се додаде во вашата здрава исхрана – рузмарин.

Рузмаринот е мирисна зимзелена билка која често се користи како зачин. Тој е ароматичен и медицински, а се користи и во медицината. Лисјата од рузмаринот и маслото се користат за правење лекови затоа што имаат антимикробни и антиоксидантни својства. Се користи за подобрување на меморијата, варење на храната, болки во зглобовите поврзани со артритис, опаѓање на косата итн. Еве неколку позитивни ефекти од рузмаринот што треба да ги знаете:

Го подобрува варењето на храната

Истражувањата покажуваат дека рузмаринот помага при проблеми како што се стомачни тегоби, варење и гасови. Вклучувањето масло од рузмарин во исхраната може да помогне во топење на маснотиите и да ги активирате сопствените механизми за одбрана на антиоксидантите, што пак ќе помогне за заштитата на црниот дроб.

Добро е за когнитивни функции
Рузмаринот го користеле од Грците и Римјаните во античко време за да се подобри меморијата. Се верува дека вдишувањето на масло од рузмарин може да ја подобри концентрацијата, размислувањето и меморијата. Исто така, се верува дека маслото од рузмарин може да помогне при проблеми со меморијата поврзани со возраста.

Стимулира раст на косата
Според некои студии, масло од рузмарин помага во стимулирање на раст на косата. Го спречува нуспроизводот на тестостерон да ги напаѓа фоликулите на косата, што е причина за алопеција кај мажите. Така, може да помогне во борбата против проблемите со губење на косата.

Го намалува ризикот од макуларна дегенерација
Пиењето чај од рузмарин може да ја забави прогресијата на болести како катаракта и макуларна дегенерација поврзана со возраста. Макуларната дегенерација е една од најчестите заболувања на очите кои влијаат на постарите лица. Тоа е болест на окото која предизвикува сериозно, трајно губење и оштетување кај лица постари од 60 години. Се случува кога макулата – малиот централен дел на мрежницата – се троши.

Го ублажува стресот
Од тинејџери до возрасни, милиони се под стрес од бурниот живот. Вдишувањето на масло од рузмарин може да помогне во намалување на нивото на хормони на стрес, кортизол, што може да помогне во контролата на промените во расположението и да ги ублажи шансите за хроничен стрес, депресија и други проблеми поврзани со тоа.

Може да ја подобри циркулацијата на крвта
Лошата циркулација на крвта може да го наруши протокот на кислород низ целото тело, што може негативно да влијае на белите дробови, срцето и мускулите. Еден од симптомите вклучува ладни раце и нозе. Маслото од рузмарин може да не го излечи проблемот, но може да ја загрее крвта, така полесно да ги загреете прстите.

Може да го подобри нивото на шеќер во крвта
Нивото на шеќер во крвта се зголемува како резултат на акумулацијата на гликоза во крвта. Зголемувањето на гликозата го активира панкреасот да ослободи инсулин во крвотокот. Без инсулин, гликозата станува поконцентрирана и може да ги оштети крвните садови, нервите и другите органи. Чајот од рузмарин содржи соединенија кои можат да помогнат во намалувањето на високиот шеќер во крвта. Исто така, може да помогне во зголемување на апсорпцијата на гликоза во мускулните клетки, што ќе помогне во регулирањето на нивото на шеќер во крвта.

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново