Тинктура од лук и масло за болка и отоци во зглобовите
21.10.2020
Се намалува подвижноста на зглобовите со време или со зголемување на бројот на годините на човекот. Чести појави во поодминати години се вкочанетоста, болката, отоци како и појавата на црвенило околу зглобните надворешни површини.
Препораките на лекарите ортопеди и експертите се однесуваат за намалување на физичкото оптоварувања, нанесување на мелеми, употреба на лекови, како и бањско лекување..
Како дома можете да ја подобрите подвижноста на зглобовите?
Во домашни услови користете природни средства. Ви предлагаме тинктура од масло од лук.
Тоа ќе ви помогне брзо да го намалите отокот и болката во зглобовите и да ја подобрите подвижноста.
Начин на подготовка:
Потребни ви се: 300 г. стар лук и 1 литар растителна маст.
Згмечете го лукот со помош на толчник и ставете го во голема тегла. Потоа залејте го со маслото и промешајте.
Чувајте ја смесата на темно место и на собна температура во наредните 14 дена. Секој ден промешувајте ја содржината.
Потоа процедете го маслото и соберете го во стаклен сад, шише.
Начин на употреба:
Секоја вечер нанесувајте од тинктурата со лесни масажни движења врз проблематичните места.
По можност ставете газа и заврзете волнен шал, за да се добие загревачки ефект. Наутро одете под топол туш.
Ефектите очекувајте ги по првите денови на терапијата.
Лукот помага за подобрување на циркулацијата, со што на тој начин придонесува за обновата на зглобовите.