Несоница: Како да се справите со проблемите кои ги предизвикува ?
02.03.2021
Дали сте од оние кои кога ќе легнат никако не можат да заспијат? Без грижа, не сте единствените.
Проблемите со спиењето започнуваат затоа што не можеме да го исклучиме мозокот толку брзо и да престанеме да размислуваме за работата и секојдневните грижи.
„Деновиве сме преумрежени и присутни во сè, па предизвик е да постигнеме да не бидеме достапни 24. часа на ден. Пред 20. години ќе си дојдеше од работа и тоа беше тоа, а денес се враќаме дома и повторно сме на мобилни телефони, социјални мрежи, проверуваме е-пошта … Луѓето имаат чувство дека не можат да се исклучат, и многу е важно да исклучите се пред спиење“, тврди експертката Лиза Артис за „The Sun.“
Но, тоа е полесно да се каже отколку да се направи, па Лиза го објавила својот план составен од 10. чекори:
Направете список
Сите сме доживеале дека штом ќе ја допреме перницата, мислите одеднаш почнуваат да се вртат во нашите глави. Едноставно, не можеме да престанеме да размислуваме за тоа што се треба да направиме следниот ден. Но, ако го составите списокот „да се стори“ пред спиење, тоа ќе ви помогне да останете смирени и да не заборавите ништо.
Би било добро покрај креветот да имате мал нотес и пенкало за да можете да запишете сè што ќе ви падне на ум.
Јадете сирење
Заборавете на сè што сте чуле – можете да јадете млечни производи пред спиење.
„Сирењето е добра храна бидејќи содржи калциум кој поттикнува поспаност. Млечните производи содржат триптофан, есенцијална масна киселина која е вклучена во производството на хормонот мелатонин и го регулира ритамот на спиење и будност. Сирењето е корисно за намалување на стресот, па затоа се нарекува и ‘смирувачка храна’“, тврди експертот.
Исчистете ја спалната соба
Ако вашата спална соба е неуредна или премногу светлина продира низ прозорецот, тоа може да влијае на квалитетот на сонот. Температурата во просторијата треба да биде од 16. до 18. степени и треба да се затемни за светлината да не ве разбуди. Важно е да ви е тивко и чисто затоа што чистата просторија рефлектира чист ум, тврди експертот.
Обидете се со т.н. Техника на дишење 4-7-8
Пробајте техника за дишење која вклучува четири секунди вдишување, потоа седум секунди задржување на здивот и осум секунди издишување.
Исклучете се
Пред спиење, исклучете ги вашиот мобилен телефон, таблет, лаптоп, ТВ – сите уреди што можат да ве „повикаат“ да ги користите. Ова ќе го релаксира вашето тело, како и вашиот ум.
Избегнувајте алкохол и кафе
Ако консумирате алкохол или кафе навечер, проверете дали е најмалку два часа пред да одите во кревет. Така, вашето тело ќе има време да преработи алкохол и кофеин пред спиење.
„Алкохолот може да ви помогне полесно да заспиете затоа што опушта, но поради тоа ние често се будиме среде ноќ и се чувствуваме дехидрирани, а мора почесто и да уринираме. Исто е и со кофеинот“, тврди експертот.
Бидете свесни за вашето тело
Фокусирајте се на вашето тело и испробајте одредени техники за релаксација. На пример, ставете ги нозете на подот, дланките на бутовите, затворете ги очите и дишете длабоко. Фокусирајте се на опуштање на сите мускули во телото. Медитацијата и фокусираната свесност се најдобрите начини да се опуштите пред спиење.
Пронајдете мирис што ве успива
Некои луѓе можат да се релаксираат од одредени мириси. Ако имате омилен мирис, можете да го внесете во спалната соба во форма на сапун, есенцијални масла или свеќи.
„Таквите работи се еден вид плацебо, но одредени мириси можат да влијаат на вашето расположение и да ви помогнат да се опуштите. Мирисите како лавандата релаксираат“, тврди експертот.
Избегнувајте часовници
Не проверувајте колку е часот, колку и да ви е тешко. Особено ако се будите во текот на ноќта. Луѓето се будат и проверуваат колку е часот, а тоа само ја поттикнува нивната вознемиреност.
Држете се до докажана рутина
Воведете рутина затоа што на тој начин ќе го научите вашето тело истовремено да се буди и да одите на спиење.
Мите Јаначков