Зошто ѓумбирот е толку корисен?
16.04.2021
Ѓумбирот со векови наназад се користи како природен лек против многу заболувања.
Постојат многу зачини кои имаат позитивно влијание за вашето тело, но тешко е да се набројат сите позитивни својства кои ги има ѓумбирот.
Одличен е за дигестивниот систем, го намалува чувството на мачнина, помага за чистење на белите дробови и детоксикација на телото, го зајакнува имунитетот. Исто така, го чисти лицето од акни, го забрзува метаболизмот и помага при слабеење.
За што сè помага ѓумбирот?
Го намалува апетитот
Во два литри вода додајте неколку парчиња краставица и 1 лимон. Додајте 1 лажица изрендан ѓумбир и 5-6 листови нане. Пијте ја оваа напивка во текот на денот за да го намалите апетитот и да ги исчистите органите од токсини.
Го забрзува метаболизмот
Чајот од ѓумбир го забрзува метаболизмот и помага при слабеење. Го зајакнува имунолошкиот систем и помага во процесот на детоксикација на црниот дроб.
Помага при настинка
Чајот од ѓумбир ги ублажува симптомите на настинка. Подгответе си чај од половина лажичка рендан ѓумбир.
Чај за чистење на белите дробови
Исечете свеж корен од ѓумбир, ставете го во врела вода и варете го 5 минути. Исцедете го, па по желба додајте мед, лимон, цимет или каранфилче.
Купка за чистење од токсини
Наполнете ја кадата со топла вода и додајте една шолја морска сол, половина шолја ѓумбир во прав, неколку капки етерично масло по ваш избор и една лажица свеж ѓумбир и уживајте во купката околу 15-20 минути.
Ги отстранува акните
Изрендајте ѓумбир и промешајте го со две лажици мед и една лажица сок од лимон. Оставете го во фрижидер половина час па нанесете го како маска на лицето. Измијте го лицето по неколку минути.
Ѓумбирот се бори против целулитот
Пилинг со ѓумбир помага да се загрее кожата и да се подобри циркулацијата. Исто така ги отстранува отоците и спречува формирање на нов целулит.
Измешајте 1 лажица сув ѓумбир во прав со половина литар сок од ѓумбир. Додајте една до една и половина чаша морска сол. Ставете ја оваа смеса на сунѓерот и користете го на проблематичните зони.
Мите Јаначков