Со неконтролирана употреба на антибиотици, односно ако ги злоупотребуваме за да се лекуваме на своја рака или да третираме вируси со нив, во блиска иднина ќе нè убиваат и банални инфекции. Научниците го вклучија црвеното светло за аларм дека треба да се создадат т.н. супербактерии, на кои не може да дејствува ниту еден антибиотик. Светската здравствена организација објави листа со 12 бактерии кои се сметаат за огромна закана за здравјето зашто станале отпорни на повеќето антибиотици и за кои, што е можно побрзо, треба да се најде лек. Во Македонија ги има сите и ги усмртуваат оние луѓе кои се со опаднат имунитет.

Надуеноста на стомакот е многу непријатен феномен, освен што се чувствувате непријатно, изгледаме подебели отколку што навистина сме. Многумина веруваат дека проблемот е поврзан со масните наслаги во абдоменот, но всушност има многу други фактори кои го тераат нашиот стомак на такво чувство.

Иако од мали нозе не учат дека сета храна мора добро да ја измиеме пред јадење или готвење, не е секогаш така. Некои продукти не треба да се мијат, а некои мора.

Ова веројатно е наједноставниот начин да го изгубите оној упорен вишок од неколку килограми…

Ловоровиот лист е сакан од сите и одамна зазема почесно место во кујната. Но, малкумина знаат дека листовите на зимзеленото медитеранско растение може да се користат не само за вкус на храна.
Од лисјата на ловор може да се направи лековито масло, кое има чудесни својства.

Сок од кромид се добива од свежи луковици. Содржи витамини, минерални калиум, фосфор, железо и некои други соли. Има многу чисти својства поради фитонцидите кои ги содржи.

Поврзани вести

 

Вчера и денеска во ЈКП Дервен се испита причината за краткиот прекин на испорака на вода на ЈЗУ Болница – Велес на ден 20.02.2018 година.

Утврдено е дека екипа на Сектор Водовод работела на замена на вентил на ул. Љубљанска, поради што морале да го затворат вентилот на линијата од која од оваа страна се снабдува со вода болницата.

Но, лицето кое го затворило вентилот заради активностите на ул. Љубљанска, со крајна небрежност истото го сторило без да провери дека вентилот од втората доводна линија од страната на Којник бил исто така затворен, а што морал да го стори пред да го затвори вентилот од првата доводна линија. На овој начин ги затворил двата вентила од двете доводни линии и предзвикал краток прекин на водоснабдувањето во болницата во времетраење од 10-15 минути, по што било интервенирано и воспоставено нормално водоснабдување.

Како резултат на горенаведеното, во ЈКП Дервен во тек е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на соодветно лице, кон кое ќе бидат преземени строги дисциплински мерки.

Значи, не станува збор за намерно исклучување на водата на болницата, или исклучување со дадена наредба, бидејќи за тоа нема причини.

Реакциите на јавноста се оправдани и очекувани. Сепак, коментарите на социјалните мрежи кои имаат намера да прикажат пред јавноста дека наведениот проблем е намерено предизвикан, смислен и сл. и дека некој сака свесно да предизвика проблем се неточни и злонамерни.

Со почит,
ЈКП Дервен

Најново