Шпанија и Иран се најголемите производители на зачинот шафран. Лековита билка која се користи во исхраната, а во историјата се памети како растение на мудроста и богатството. Има црвеникава нијанса, а вашето јадење ќе го обои во жолто.

Рузмаринот ја подобрува функцијата на мозокот, има одлично делување врз памтењето и концентрацијата.

Маслинките се богати со витамини, минерали и органски компоненти кои вклучуваат железо, витамин Е, влакна, олеична киселина, феноли и различни антиоксиданси.

Рибизлата е богата со витамин Ц, но содржи и органски киселини, пектини и танини. Добра да се јаде и во случај на грип, зарипнатост, кашлање, гихт, реума, анемија и недостиг од витамини со цел да се зајакне организмот.

Нутриционистите истакнуваат дека сладоледот од ванила го подига расположението и позитивно влијае на психата. Со скенирање на мозоците на учесниците во една научна студија е откриено дека слаткиот десерт го дава речиси истото задоволство како и слушањето на омилената песна.

Денеска е и научно докажано дека не мора да броите калории и да јадете минијатурни порции за да ослабнете. Секако, тоа не значи дека секојдневно треба да ставате акцент на исхрана која се базира на јаглени хидрати и шеќери.

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

Најново