Немате повеќе место за сите ваши картички во паричникот? Имате посебна кутиичка за нив? Се беше убаво до пред некое време, но сега веќе ви пречат? Има решение.

Facebook проширува нова функција на своите 2 милијарди корисници, коja ќе бидe достапнa за секого до денови. Алатката за која станува збор ви овозможува не само да креирате „To-Do“ листи со задачи во својата сметка, туку исто така да ја споделите со вашите пријатели. Објавувањето се случува на ист начин како и менувањето статус во социјалната мрежа. Компанијата, исто така, има можност да додава различни фонтови, да ја менува позадината, да ги подредувате под број задачите и да користи емотикони.

Кинескиот производител Doogee покажа нов паметен телефон кој изгледа многу слично на iPhone X, но само по изглед.

Најнов софтвер, кој се однесува на машинско учење, успеал да го поттикне човечкиот мозок подобро да памети работи.

„Со мирна совест и одговорност продолжувам да преговарам за доброто на татковината“. Ова беше првичната реакција на Твитер на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас за завчерашниот протест во Атина, по чие завршување тој уште дополни дека „рејтинг агенциите денеска добија демант“, упатувајќи критики до опозициската Нова демократија.

Американската компанија „Спајс Екс“ синоќа по извесно одложување поради силен ветер, успешно ја лансира својата најголема ракета досега, а во орбитата околу Сонцето заедно со неа полета и црвен спортски автомобил „Тесла“.

Поврзани вести

 

Вчера и денеска во ЈКП Дервен се испита причината за краткиот прекин на испорака на вода на ЈЗУ Болница – Велес на ден 20.02.2018 година.

Утврдено е дека екипа на Сектор Водовод работела на замена на вентил на ул. Љубљанска, поради што морале да го затворат вентилот на линијата од која од оваа страна се снабдува со вода болницата.

Но, лицето кое го затворило вентилот заради активностите на ул. Љубљанска, со крајна небрежност истото го сторило без да провери дека вентилот од втората доводна линија од страната на Којник бил исто така затворен, а што морал да го стори пред да го затвори вентилот од првата доводна линија. На овој начин ги затворил двата вентила од двете доводни линии и предзвикал краток прекин на водоснабдувањето во болницата во времетраење од 10-15 минути, по што било интервенирано и воспоставено нормално водоснабдување.

Како резултат на горенаведеното, во ЈКП Дервен во тек е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на соодветно лице, кон кое ќе бидат преземени строги дисциплински мерки.

Значи, не станува збор за намерно исклучување на водата на болницата, или исклучување со дадена наредба, бидејќи за тоа нема причини.

Реакциите на јавноста се оправдани и очекувани. Сепак, коментарите на социјалните мрежи кои имаат намера да прикажат пред јавноста дека наведениот проблем е намерено предизвикан, смислен и сл. и дека некој сака свесно да предизвика проблем се неточни и злонамерни.

Со почит,
ЈКП Дервен

Најново