Близнаците и Лавовите сакаат адреналинско возење, на црвено поминуваат Овенот и Скорпијата, Раковите ги следи глас дека се лоши возачи, а Вагата зад волан сè може да ѝ го одвлече вниманието…

Какви родители сте според хороскопскиот знак? Водолиите се пред се пријатели, а потоа родители, Јарците се најстроги, Близнаците забавни и весели родителие, Вагите се толерантни…

Во секој од нас се крие љубомора. Откријте како хороскопските знаци се однесуваат кога се љубоморни…

Какви се хороскопските знаци со парите? Девиците чуват за црни денови, Лавовите и Стрелците се дарежливи, Рибите се пред се за соништа и љубов, па потоа пари…

Кои работи им носат среќе на хороскопските знаци? Кое цвеќе, која боја, кој ден, број…

Погледнете кои бои ви ги препорачуваат ѕвездите за оваа пролет:

Поврзани вести

 

Вчера и денеска во ЈКП Дервен се испита причината за краткиот прекин на испорака на вода на ЈЗУ Болница – Велес на ден 20.02.2018 година.

Утврдено е дека екипа на Сектор Водовод работела на замена на вентил на ул. Љубљанска, поради што морале да го затворат вентилот на линијата од која од оваа страна се снабдува со вода болницата.

Но, лицето кое го затворило вентилот заради активностите на ул. Љубљанска, со крајна небрежност истото го сторило без да провери дека вентилот од втората доводна линија од страната на Којник бил исто така затворен, а што морал да го стори пред да го затвори вентилот од првата доводна линија. На овој начин ги затворил двата вентила од двете доводни линии и предзвикал краток прекин на водоснабдувањето во болницата во времетраење од 10-15 минути, по што било интервенирано и воспоставено нормално водоснабдување.

Како резултат на горенаведеното, во ЈКП Дервен во тек е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на соодветно лице, кон кое ќе бидат преземени строги дисциплински мерки.

Значи, не станува збор за намерно исклучување на водата на болницата, или исклучување со дадена наредба, бидејќи за тоа нема причини.

Реакциите на јавноста се оправдани и очекувани. Сепак, коментарите на социјалните мрежи кои имаат намера да прикажат пред јавноста дека наведениот проблем е намерено предизвикан, смислен и сл. и дека некој сака свесно да предизвика проблем се неточни и злонамерни.

Со почит,
ЈКП Дервен

Најново