Tешко кашлање – Причинители (Аудио)
Свирењето на градите карактеристично за тешкото дишење и кашлање се јавува кога воздухот минува низ брохиите кои се стеснати, или пак излачуваат повеќе слуз поради алергија, инфекција или некоја друга дразба. Бидејќи дишните патишта делумно се затворени, може да дојде до намалување на бронхијалните мускули поради големиот напор. Тогаш тешкото кашлање станува поизразено поради тешкотиите при издишувањето на воздухот.
Кај некои луѓе тешкото кашлање е последица на асма или на алергиска реакција на полен, хемиски материи, животински влакна, прав , храна или на убод на инсекти.
Луѓето кои боледуваат од болести на дишните патишта обично се склони кон развој на алергии.
Тешкото кашлање може, исто така , да биде предизвикано и од цистична фиброза или од присуство на туѓо тело.
Божана Ќулавкова