Издумани Крлевизми: „Непоткованите галопираат кон политиката“
Објавено: 23 октомври, 2026, во 12:53 часот
Во денешниот празничен петок ги објавуваме најновите 10 афоризми што за читателската заедница на Дума.мк ги создаде афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски. Тие гласат:
Непоткованите галопираат кон политиката.
Неоткриениот талент е како неизострен молив.
Брачните бродоломи започнуваат со подводни струења, а завршуваат со бури.
Никогаш не сум победил. Секој противник ми се предал без борба.
Вдовиците ги фалат мажите, а нив ги фалат женетите мажи.
Интуицјата е најголем пријател на умот. Го менува, кога е немоќен.
Сакам каменче во чевелот… ако е скапоцено!
Можам да се пофалам со многу убавици… кои ми дале двојка.
Жените на почетокот сакаат убави мажи, па богати и на крајот – умни. Но, ретки стигнуваат до три во едно.
Не дозволувајте аголот на гледање да ви стане точка на гледање!
Вашиот,
Атанас Крлевски


