Вечер со поезијата на Ристо Јачев во велешки театар

Објавено на 18 декември, 2017 во 10:17

Модератор на поетската вечер ќе биде писателот и драматург Сашо Димоски, а избор од поезијата на Јачев ќе читаат актерите Талија Настова, Жарко Спасовски и Фаик Мефаилоски во музичка придружба на гитара од Сашко Костов.

Вечерта со поезијата на Ристо Јачев ќе се одржи во четврток, на 21 декември, во фоајето на Театарот „Јордан Х.К-Џинот“ во Велес, со почеток во 20 часот.

Циклусот поетски вечери е нова програмска активност на Велешкиот театар за афирмација и промоција на поезијата како книжевен жанр. Во рамките на циклусот еднаш месечно ќе се одржува поетска вечер во театарот посветена на поезијата на поети по потекло од Велес. Првата поетска вечер се одржа минатиот месец а беше посветена на поезијата на акaдемик Катица Ќулафкова. По поетската вечер на Ристо Јачев, во месец јануари предвидена е Вечер со поезијата на Павлина Климкар Меанџиева./У.Ј

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.