Четири дена Велес беше домаќин на 15 Интернационален фолклорен фестивал
Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес“ кој годинава одбележа петнаесетгодишен јубилеј ќе остане запаметен по традиционалната гостољубивост на организаторите, по задоволните фолклористи, танцувачи, ансамбли, оркестри и вокални интерпретатори како и по големиот број на граѓани кои во сите четири фестивалски вечери го полнеше амфитеатарот на Младински парк.
Годинава на ИФФ „Велес“ учествуваа над 650 фолклористи, од 12 домашни и 6 странски ансамбли.
Фестивалот го затвори Томе Јаневски, претседател на Организацискиот одбор кој упати благодарност до граѓаните на Велес за нивната гостољубивост, масовното присуство и поддршката на фестивалот.
На учесниците на фестивалот им беа доделени благодарници. Фестивалот заврши со изведбата на композицијата „Македонско девојче“ од страна на КУД „Коле Неделковски“ а во орото што се создаде играа домашни и странски играорци.
ИФФ „Велес“ 2018 го организираат Општина Велес, како основач, и Министерството за култура./У.Ј