„Портретите на Рацин“ на академскиот сликар Ангел Петров на изложба во Сплит
Во просториите на хрватското друштво „ЛОРА” од Сплит, Хрватска, денеска 11 декември, ќе биде отворена 48 Самостојна ликовна изложба на академскиот сликар Ангел Петров. Поставката ги содржи 20 портрети на Кочо Солев Рацин изработени во техника масло и пастел. Изложбата се совпаѓа со годината во која се одбележуваат два значајни јубилеи поточно 110 години од раѓањето и 75 години од смртта на Рацин.
Чествувањето на Рацин во Сплит ќе биде проследено и со други културни манифестации.
Градот Сплит бил најомилениот хрватски град на Кочо Рацин,во кој често престојувал, што преставуваше посебен поттик за академскиот сликар Ангел Петров преку изложбата за миг повторно да го пренесе Рацин во Сплит.
Изложбата во Сплит од името на авторот Ангел Петров ќе ја отвори неговата внука Ангела Донева за потоа да следат други културни содржини.
Организатори на изложбата се Mакедонското Здружение „Македонија” од Сплит, Општина Велес и Фондација “Ангел Петров”од Велес./У.Ј