Мандолинскиот оркестар „Свети Николај“ одржа новогодишен концерт за Светиниколци
Градскиот мандолински оркестар „Свети Николај“ од Свети Николе го одржа традиционалниот новогодишен бесплатен концерт во големата сала на општината.
На огромно задоволство на публиката, на концертот беа изведени повеќе композиции, меѓу кои обработки на народни песни, популарна светска и филмска музика, како и изведбите на композициите на Јохан Штраус „На синиот Дунав„ и „Радецкиот марш“. На концертот настапија, тенорот Ненад Јованов и флаутистите од основното училиште „Гоце Делчев“.
Овогодишниот празничен новогодишен концерт на мандолинскиот оркестар се одржа по девети пат. Влезот беше бесплатен. Годинава, за прв пат оркестарот настапи без нивниот аранжер, композитор и диригент Кирил Трајковски, на кого му го посветија концертот, бидејќи се наоѓа на домашно лекување./У.Ј