Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Vesna1 fin

Говорејќи за се она што ја сочинува љубовта и изведувајќи многу музички и танцови кореографии, рапувајќи и прикажувајќи пантомима, во Перформансот „Душата ми петунии возлудени“ младите талентирани ученици, актери на Драмското студио „Словото“, ги освоија петте најзначајни награди на Меѓународниот Поетичен фестивал „Борба и Обич“ што се одржа во градот Русе, Република Бугарија.

Перформансот ги освои фестивалските награди за „ Најатрактивен перформанс“ и за „Режија“ како и трите награди за „Актерско достигнување“ кои завршија во рацете на ученичката Мартина Станчева од ООУ „Васил Главинов” , ученикот Марко Инѓилизов од Гимназијата „Кочо Рацин“ и ученикот Мартин Мазнев од СОУ„Јовче Тесличков“.

SlovotovoBugarija1

Драмското студио „Словото“ по доделувањето на наградите во градот Русе, Република Бугарија

Режисерката и актерка на велешки театар Весна Димитрова Бобевски, задоволна од постигнатите резултати , додаде дека посветено, неколку месеци, работеа на перформансот во кој внеле и видео материјал.

- Специјално за потребите на перформансот снимивме два спота. Изведбата на младите талентирани ученици беше беспрекорна, тие го прикажаа сиот свој талент што преку стилот кој што го гаи „Словото“, за подготовка и прикажување на вакви поетски перформанси, предизвика многу внимание и интерес на овој реномиран меѓународен театарски фестивал. Горда сум на нив, на нивното максимално вложување при подготовката и секако при изведбите, што фестивалското жири веднаш ја забележа. Знаете тоа е труд што е вложен преку часови на подготовка, проби,талент што треба да се доведе до совршенство и перфекција.Тоа е пат што треба да се изоди за да се стигне до награда како што е оваа за „Најатрактивен перформанс“, рече Димитрова Бобевски.

NagradaSlovoto

Освоените награди за „Најатрактивен перформанс„ и за „Режија“ на поетскиот перформанс

Во перформансот настапуваат и учениците Тина Божинова, Љубинка Унева и Стојанка Ќупчева од СОУ„Јовче Тесличков“ како и ученичката Ема Божинова од ООУ „Благој Кирков“.

Vesna2 fin

- Фестивалот е под покровителство на Министерот за Одбрана и Вицепремиер на Република Бугараија, Красимир Каракачанов. Фестивалот негува уметнички вредности засновани на драма во стих или поетски перформанс со љубовна или револуционерна поезија. Јас годинава избрав тоа да биде перформанс со љубовна поезија подготвен на стиховите на бугарската поетеса Иглика Пеева. И не погрешив. Би сакала да им се заблагодарам на учениците кои целосно се посветија на подготовката на перформансот ставајќи го на располагање сето свое слободно време, на разбирањето како на нивните родители така и на професорите во велешките средни и основни училишта, додаде Димитрова Бобевски.

MartinaSlovoto

Ученичката Мартина Станчева на доделувањето на наградите на фестивалот

 

Marko i MaznevSlovoto

Учениците Марко Инѓилизов и Мартин Мазнев на доделувањето на наградите на фестивалот

Ова е само еден од неколкуте перформанси што „СЛОВОТО“ ги подготви во изминатите шест месеци. Наградите кои ги освоија, заедно со последното учество на меѓународниот фестивал во Бугарија, се поттик за постигнување на нови резултати. Наредна цел на режисерката Весна Димитрова Бобевски и на талентираните ученици е настапот во Охрид со поетскиот перформанс „Сјајна ѕвезда со лавовска грива“ подготвен на избор на стихови напишани од Амбасадорот на Република Словенија во Република Северна Македонија, Милан Јазбец./У.Ј

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2019 година.

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2019 година .

Најново