Нов мурал, со илустрација на познатиот вестерн актер Гари Купер, се црта во Велес
Велешани кои денови минуваат по тротоарите на главната градска улица, под градскиот саат, се сведоци на реализација на нов Мурал што цртачите на Стрип центарот на Македонија го создаваат во градот. Автор на илустрацијата на познатиот вестерн актер Гари Купер е реномираниот стрип автор Владимир Весовиќ од Република Србија, а изработувачи на муралот се велешаните : Ване Трајков како прв цртач и асистентите Анита Гочева и Горан Мазнев.
Се очекува муралот да биде готов најдоцна до крајот на месецов.
Стрип центарот на Македонија Велес исто така очекува дека овој вид на уметничко изразување, според примерот на Францускиот град Ангулем ќе заживее уште повеќе во нашата држава, посебно во Велес како своевиден „град на стрипот во Северна Македонија“.
Авторот Весовиќ со цртачите Трајков и Гочева
Изработката на муралот е финансиски поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија. Овој вид на култура , по пауза од неколку години во градот, повторно го актуелизира Стрип центарот на Македонија./У.Ј