Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Ickova fin

„Непокор“ е насловот на литературната творба што годинава ја освои Гран при наградата на 52 Детски Рацинови средби според одлуката на годинешната жири комисија во состав: Лили Арсова, Игор Крајчев, Нада Алексоска, поети од Клубот на писатели „Кочо Рацин“. Неа ја напиша ученичка Софија Ичкова во втора година во СОУ„Богданци“од Богданци. Наградата на Ичкова во присуство на менторката Ивана Димовска и беше врачена на свеченото отворање на литературната манифестација што на 5 и 6 октомври се одржува во Велес.

-Темата „Белите мугри во светлината на денот“ ме инспирираше да напишам песна посветена на Кочо Рацин во која ја опишав болката на македонскиот народ од една и од друга страна непокорот од кој Македонецот никогаш не се откажал. Песната ја напишав за четири дена откако подолго време размислував за зададената тема. Потешко ми одеше пишувањето на почетниот дел на стиховите, потоа се беше полесно затоа што зборовите се нижеа. Јас и лани бев учесник на Детските рацинови средби со лична творба а годинава ја освоив наградата што ќе претставува мотив за создавање на нови песни, рече ученичката Ичкова.

Granprinagradeni fin

Добитници на Гран при награди со менторите: Кристијан Тодоров, Елена Ивчева,Софија Ичкова и Ивана Димовска

И ако литературната Гран при награда , годинава, замина во Богданци ликовната Гран при награда според одлуката на жири комисијата составeна од професори по ликовна уметност: Илко Стојановски, Росана Теовска, Васко Гаврилов, остана во Велес. Неа ја доби Елена Ивчева, ученичка во втора година на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, според зборовите на менторот Кристијан Тодоров станува збор за талент на кој не му треба посебна мотивација бидејќи конинуирано е посветена на ликовното творештво.

likovni

- На цртежот во преден план ги насликав афионовите чушки како симбол на работата на аргатите во периодот за кој Рацин пишува додека во позадина го прикажав небото во топла сина боја за да ја доловам убавината на денот. Ми причинува големо задоволство наградата и секако поттик за нови ликовни творби. За неа ке додадам дека ја добив на оваа манифестација на која прв пат учествувам, рече ученичката Ивчева.

- Исто како Елена и мене, како нејзин професор и ментор, ова ми е прво учество на награден конкурс и прво Гран при. Јас во создавањето на ликовната творба помагав од технички аспект, тоа што како искуство можев да го споделам додека креативниот дел беше на Ивчева. Таа е достојна за оваа Гран при награда. Немаше потреба од вложување на дополнителен труд. Ученичката вредно работи и е многу талентирана. Ивчева е пример дека има млади и надежни таленти во Велес. Учениците живеат во време во кое е лесен пристапот до творештвото на големте уметници од кои можат да црпат мотивацијата и инспирацијата. Затоа од нив, од оние во Велес, очекувам големи успеси, додаде професор Тодоров. Тој предава ликовна уметност во велешката „Гимназија Кочо Рацин“.

Овие награди, откако ги прогласи за отворени „52 Детски Рацинови средби“, ги додели градоначалникот на Велес, Аце Коцевски. Посакувајќи им добредојде на сите ученици и наставници , професори, ментори и гости,градоначалникот, потсети на полувековната традиција на манифестацијата што го негува убавиот пишан збор од страна на најмладите и на сите почитувачи на стиховите на безвременскиот Рацин.

Acoracinovi fin

- Тоа ја прави една од најстарите и најзначајните поетски збиднувања за најмладите во земјава. И вие почтувани ученички и ученици треба да сте горди, како и многумина пред нас, сте носители на рациновото во себе. Вашето присуство денеска овде, недвослислено сведочи за тоа. Чест ми е што сум денеска овде меѓу вас, меѓу чуварите на рациновото дело, во присуство на чуварите на рациновите средби. Благодарение на нас кој сме денеска овде и на оние кои во наредните два дена ќе го слават Рацин, благодарение на оние кои ќе дојдат по нас а ќе ја имаат нашата улога, јас сум сигурен дека во некое идно време, некои идни генерации ќе чествуваат и 100 годишнина на Детскте Рацинови средби, додаде Коцевски.

LilaArsova fin

Посакувајќи им добредојде на манифестацијата во името на организаторот, Клуб на писател „Кочо Рацин“, претседателката и поетеса Лила Арсова соопшти дека годинава на наградниот конкурс за литературни и ликовни творби на тема „Белите мугри во светлината на денот“ пристигнале 126 поетски и 36 ликовни творби.

nagradeniliteraturna

Во литературниот дел на „52 Детски Рацинови средби“ наградени се:
Во категоријата VI И VII одделение со прва награда Нина Ламева VII одд. во ОУ „Браќа Миладиновци“ од Скопје со Менторката Сунчица Петрева. Во категоријата VIII и IX одделение со прва награда ученичката Ангела Костовска во VIII одд. vo ОУ „Тодор Ангеловски“ од Битола со Менторката Адриана Ѓоргиев. Во категорија Средно образование добитник на првата награда е ученичката Марија Филипова II год. во Гимназија „Јосип Броз Тито“ од Скопје со Менторката Јасминка Видевска.

Nagradenilikovna

Во ликовниот дел на „52 Детски Рацинови средби“ наградени се:
Во категорија VI И VII одделение првата награда и припадна на Сашка Билбиловска ученичка во VII одд. во ОУ„М.К.Ататурк“ од Гостивар со менторка Елизабета Наумческа. Во категорија VIII и IX одделение првата награда ја освои ученичката Кристина Спиркоска IX одд во ООУ„Кузман Шапкарев“ од Скопје со ментор Петар Беслаќ. Во категорија средно образование првата награда и припадна на Јована Ивановска од СОУ „Никола Карев“ од Струмица ментор Маргарета Спасов.

52Detski racinovi publika

Наградените ученици своите литературни творби ги читаа попладнево во „Сокачето на поезијата“ пред родната куќа на поетот Кочо Рацин. Потоа беше посетена ликовната изложба како и грнчарската работилница.

На вториот ден од манифестацијата, среда 6 октомври, во клоновите на ОЈУДГ„Димче Мирчев“, во основни, во средни училишта и средношколскиот интернат „Лазар Лазаревски“ ќе претстојува Поетскиот караван. Исто така, во Ликовен салон со почеток во 13 часот ќе се одржи промоција на книга за деца и млади „Приказни од мојот крај“ на авторката Лила Арсова./У.Ј

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2019 година.

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2019 година .

Најново