Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Skulptura Gemigjii fin

Скулптурата посветена на Гемиџиите, наши сограѓани кои во минатото со гемии пловеле по Вардар, е поставена на централниот влез во Младински парк од страна на главната градска улица „Благој Ѓорев“. Таа е дело на акдемскиот скулптор Горан Стаменков од Скопје кој ги овековечи велешките Гемиџии користејќи старо железо за да го обликува неговото уметничко дело.

Skopjanec fin

- Сакав да ги претставам фигуративно како дел од велешката традиција затоа што тие се дел од духот на градот од тоа време. Чамецот го работев по макета од гемијата, се потрудив автентично да ја изработам и облеката, самите ликови. Скулптурата ја изработив од железо, бидејќи идејата беше да се употребат рециклирани материјали, а мене и ми одговараше железото како медиум за изразување затоа што поседува линија и плоха. Се надевам дека велешани и велешанки ќе ја прифатат и ќе уживаат во скулптурата, рече авторот Стаменков.

На две локации во Младински парк се поставени уште две скулптури на учесниците во годинешната прва Меѓународна скулпторска колонија.

Skulptura2 fin

Skulpturisiroka

Скулптурата „Ангел“ која ја одразува вербата и надежта, е исто така изработена од железо. Таа е дело на академската скулпторка Весела Стаменова, од Софија, Бугарија. Поставена е на зелената површина во близина на ОСУ „Димитрија Чуповски“.

Skulptura4

На спротивната страна на паркот, пред зградата на велешки театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ се наоѓа локацијата на третата скулптура „ Театарски маски“ која го претставува Велес како град на театарот во неговиот одамна изграден и препознатлив културен идентитет. Скулптурата е дело на академскиот скулптор Никола Ненадиќ од Риека, Република Хрватска. Изработена е од рециклирано старото железо како траен белег на театарското минато, сегашност и идинина на Велес. Уметничкото дело во секој поглед ќе потсетува на театарската уметност која од Џинот до Прличко е длабоко врежана во културниот живот на Велес.

Skulptura3

Последната скулптура изработена од старо железо е „ Балерина“ создадена како уметнички израз на академскиот скулптор Павел Василев од Република Бугарија. Скулптурата е поставена во паркот покрај Офицерскиот дом за да потсетува дека во секој миг кога итаме низ денот треба да застанеме барем минута, да ја допреме убавината со поглед и да ја најдеме врската со својата внатрешна, човечка убавина, онаа што ја поседуваме сите.

skulpturisiroka2

Skulptura5

Петата скулптура, фигура на слободна форма – „Театарска игра“, се наоѓа во паркот под градската Саат кула. Неа ја создаде академскиот скулптор Горан Ѓорев. Извајана од мермер таа ја претставува визијата на авторот за театарската игра, нејзините движења, флуктуации и многуизразност. Ѓорев му подари на Велес парче од својата уметничка душа и се овековечи во историјата на градот на мостовите како еден од уметниците што твореа на Првата скулпторска колонија.

SkulpturaBlazenasoIlkoStojanovski6

Шестата скулптура, поставена на аголот на поранешната Стоковна куќа, е „Блажена“ изработена од мермер како авторско дело на академскиот скулптор Илко Стојановски од Велес.

- „Блажена“ ја претставува исконската потреба на човештвото кое треба да се развива, да се обновува, исто како природата. Таа е израз на вечната желба да се продолжи човештвото. „Блажена“ е создадена како инспирација на божицата мајка, онаа на која сите и се поклонуваме и на која се обидуваме да и го вратиме сјајот, рече Стојановски.

Меѓународната скулпторска колонија, се одржа од 24 јуни до 7 јули годинава во Велес, во хала на компанијата „Пескара вел“. Неа ја организираше и финансираше Општина Велес . Дел од финансиските средства се обезбедени од Министерството за култура преку проект на Фондација за локален развој и демократија „Фокус“./У.Ј

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2019 година.

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2019 година .

Најново