Објавен конкурсот за доделување на наградата „Рациново признание“ за 2020 година
Објавено на 11 јуни, 2020 во 13:39
11.06.2020
Организацискиот одбор на културната манифестација „Рацинови средби“ го објави конкурсот за доделување на наградата „Рациново признание“ . Наградата се доделува за прозни, литературни остварувања на автори од Република Северна Македонија објавени во периодот меѓу две манифестации „Рацинови средби“.
Право на учество на конкурсот имаат сите издавачи и автори кои во периодот од јуни 2019 година до мај 2020 година објавиле прозни дела на македонски автори.
Авторите своите дела, во 3 примерока, можат да ги испраќаат на адреса Општина Велес, ул.„Панко Брашнар“ бр.1, 1400 Велес со назнака „За конкурс за доделување на наградата „Рациново признание“ за 2020 година.
Доставувањето на делата е најдоцна до 1 август, годинава./С.А