Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

MuralnazidotnavleznaVeles idejno reshenie

3.07.2020

Муралот ќе биде долг 86 метри и висок 2,5 метри. На фотографијата е преставен изгледот на муралот што ќе го работат, како дел од проект на Европска Унија, ликовни уметници и членови на граѓанско здружение „Факултет за работи што не се учат“ од Скопје. Советот на Општина Велес донел одлука и комисија од академски ликовни уметници на нивното здружение во Велес со Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски го одобриле идејното решение.

Kocevski3

- Граѓанско здружение „Факултет за работи што не се учат“ ни достави прво идејно решение што уметниците од Велес го разгледаа и дадоа свои препораки. Тие беа прифатени од граѓанската организација што го даде предлогот. Модифицираното идејно решение ќе почне да се реализира од недела, 5 јули. Според Одлука на Советот на Општина Велес, кој ме овласти да составам комисија од Друштвото на ликовни уметници на Велес, и по две одржани заседавања како и разгледување на идејното решение, ние го прифативме ова идејно решение, што ви го доставуваме. Работите ќе треба да завршат до 10 јули. Тоа е модернистичко решение преку кое праќаме пораки дека Велес сакаме да го развиваме во паметен, чист и зелен град со развиена урбана мобилност. Верувам дека ќе им се допадне на граѓанките и граѓаните во Велес, рече градоначалникот Коцевски.

Муралот ќе се слика од кота 1 метар од коловозот нагоре, поради безбедносни сообраќајни правила, да не ги збунува учесниците во сообраќајот во ноќните часови. Муралот општината ќе го добие бесплатно./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

            Општина Велес ја информира јавноста дека, третото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 14 август (петок) 2020 год. во периодот од 0500 до 0630 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 15 август (сабота) 2020 год.

            Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

           

                                                                                    Градоначалник

                                                                                    на Општина Велес,

                                                                                    Аце Коцевски

 
   
   
   
   

Најново