Амфитеатарот на Младински парк, од 29 јули до 15 август, отворен за граѓаните и манифестацијата „Велешко културно лето“
24.07.2020
Концерти од забавен и фолклорен карактер, но и на џез и класична музика, промоции на книги, изложби, филмски проекции, мултимедијални проекти, перформанси и други настани се дел од годинешното „Велешко културно лето“.
Културната манифестација ќе започне на 29 јули и ќе трае до 15 август годинава. Во 15 културни настани ќе учествуваат уметници од Велес а ќе има гостување и на уметници од државата. Сите настани и активности ќе бидат организирани на отворено, согласно објавените протоколи за почитување на препорачаните мерки за заштита и превенција од ширење на Ковид-19. Ги финансира Општина Велес со буџет од 300.000,00 денари.
ПРОГРАМА НА „ВЕЛЕШКО КУЛТУРНО ЛЕТО 2020“
29.07.2020 (среда) Јубилеен концерт 25 години АНАБЕЛА Балетско студио „АНАБЕЛА“ Амфитеатар
Младински парк почеток 20:00
01.08.2020 (сабота) Целовечерен концерт на народна староградска и новокомпонирана музика „Македонски ноти“, во чест на 2 Август
Група Соната и Група Виртус Амфитеатар
Младински парк почеток 20:00
02.08.2020 недела Филмска вечер
„Републиката во пламен“ -видео проекција
Амфитеатар Младински парк почеток 20:00
04.08.2020 (вторник) Целовечерен концерт ЕВЕРГРИН поп-рок сцена Тринити бенд и RnB neighbors
Амфитеатар Младински парк почеток 20:00
05.08.2020 (среда) Изложба на фотографии „Велес низ старите фотографии“ Автори Марин Клифов и Павлина Василева
Историјата на Велес низ 158 фотографии од средината на XIX век до ’60 години од XX век
Ликовен салон почеток 19:30
08.08.2020 (сабота) Целовечерен концерт Џез подиум „Агни Авшар Квинтет “
Амфитеатар Младинскипарк почеток 20:00
11.08.2020 (вторник) Промоција на поезија за возрасни „Во градината има само љубов“ Автор на дело: Филип Димкоски Промотор: Лила Арсова
Парк ООУ „Васил Главинов“ почеток 19:00
12.08.2020 (среда) Концерт на млади таленти на класична музика „Велешки видрички“ Љубица Малинова ,Дора Пајдакова, Филип Костовски
Исмаил Дурмишовски и Даниела Теова
Амфитеатар Младински парк почеток 20:00
13.08.2020 (четврток) Јубилејна изложба на дела во мозаична техника (ориз) Снежана Лазарова Луна
Ликовен салон почеток 20:00
15.08.2020 (сабота) Целовечерен концерт на Градски камерен оркестар „Стефан Гајдов“
„Сербез класика“
1.Хајдн – Серенада
2.Бокерини – Менует
3.Хајдн – Детска симфонија
4.Ајде слушај слушај Калеш бре Анѓо – солист Вероника Караколева
5.Момиче мало ѓаволо – солист Вероника Караколева
6.Сербез Донка – солист Вероника Караколева
4.Монти – Чардаш солист
м-р Трајче Малинов пијано проф.Габриела Бачманова
5.Шостакович – Валцер Бр.2
6.Тема од филмот Шиндлерова листа – / Проф. Менка Богоевска Виолина /
7.Гардел – Пор Уна Кабеца / Проф.Габриела Бачманова
8.Астор Пјацола – Обливион солист м-р Трајче Малинов
9.Бете Илин – Македонска Рапсодија- дуо Пијано
м-р Светлана Ташева
м-р Илија Настовски
Амфитеатар Младински парк почеток 20:00