Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Kinona otvoreno MelGibson

25.07.2020

На паркингот пред маркетот „Кит Го“ нова филмска проекција што посетителите ќе можат да ја следат од своите автомобили. Киното на отворено, во недела на 26 јули, ќе ја реализира проекцијата на трилер акцијата „Заштитник“ со Мел Гибсон во главна улога. Присутните филмот ќе го следат на големо платно додека звукот ќе го слушаат на радио приемниците во своите автомобили.

Почетокот на проекцијата е во 21.30 часот.

Еден час претходно ќе треба посетителите да започнат да пристигнуваат со цел полесно да се распоредат автомобилите на паркингот.
Овој пат организаторите од младинска организација „Transparent Future“ ќе ги поттикнат и анимираат посетителите во нивните автомобили со трепкање на трепкачите да придонесат за создавање на пријатна и забавна атмосфера. На ист начи ќе може да се нарачува пијалок и храна во времетраење на проекцијата.

Во недела вечер ќе биде организирана и првата наградна игра за посетителите во која еден гледач ќе добие слика на канвас платно.

Поради ограничените места на паркингот, влезниците по цена од 150 денари, потребно е да се резервираат претходно, на мобилен телефонски број 078/265-516 или на социјалните мрежи: Instagram - @driveincinema_ve.

Организаторите исто така бараат од посетителите да ги почитуваат мерките пропишани од Министерството за здравство, за заштита на јавното здравје и покажување на свест и одговорност, во услови на епидемија на Ковид 19.

Ивана Мирчевска

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново