Талентиран хармоникаш во Чашка, Давор Ќимовски, сними спот за своето прво оро
13.04.2021
На 15 годишна возраст, Давор Ќимовски, од Чашка, на јутуб го објави своето прво авторско оро „Ќимово оро“. Тој е средношколец и учи во Музичкото училиште „Сергеј Михајлов“ во Штип. Желбата кон народната музика, вели, дека му се појавила од најмала возраст. Првите музички ноти ги изучувал на мал клавир кој го имал во својот дом, но неколку години подоцна го запознал својот професор Војче Петрушевски и целосно се посветил на музицирање на хармоника.
Неговото првенче, „Ќимово оро“, насловот го добило по неговото презиме. За проектот да биде целосно реализиран, музика, аранжман, снимање на орото како и видео запис потребни им биле околу 20 дена.
– Орото го подготвивме заедно со мојот професор Војче Петрушев. На пробите размислувавме да направиме некаков проект кој ќе биде нешто ново и интересно за слушателите. За музиката и аранжманот на моето прво оро задолжен беше мојот професор Војче но во целосната реализација добивме помош и од групата „Маестро“ на кои многу сум им благодарен, рече Давор Ќимовски.
Давор се стреми кон уште поголеми успеси и негова најголема желба е тој да издаде свој албум којшто ќе содржи околу 10 народни ора.
Во продолжение слушнето го првото авторско оро на Давор и уживајте.
Стефани Манева
