Велешките гимназијалци се закитија со награди на меѓународниот фестивал на аматерски театри во Требиње
Претставата „Дома“ на Младинско драмско студио „Прличко“ од Велес ги воодушеви присутните на меѓународниот фестивал на аматерски театри што викендов се одржа во Требиње, Босна и Херцеговина. Ученичката Сандра Танчева која ја игра улогата на Жана е прогласена за најдобар актер на претставата, Изведбата на младите актери оставила силен впечаток, пофалби и лични видувања кај членовите од жири комисијата.
Актерите од театарската трупа се уште не се вратени од Требиње но според статусите напишани на нивните ФБ профили очигледна е нивната радост за постигнатиот успех на фестивалот. Тие напишаа дека ова е најдобрата изведба на „Дома“ до сега.
Претставата, младите актери од велешката Гимназија за прв пат ја одиграа на Драмскиот аматерски фестивал во Кочани, каде беа избрани да ја претставуваат Македонија на меѓународниот фестивал.
Театарската претстава е во режија на актерката Слободанка Чичевска а е работенаа според текст на руската авторка Људмила Разумовскаја.
Даниела Саздова